Возачот изгубил контрола и се забил во семафор по ударот во пешаците

Во скопската населба Ново Лисиче, вчера околу пладне, се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил излета од булевар и покоси четворица пешаци, членови на едно семејство.

Според информациите од МВР, возачот на „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од лицето Т.Н. од Скопје, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во пешаците, по што се забил во семафор.

Во несреќата се повредени двајца возрасни лица – Г.К. (40) и М.К. (39), како и две малолетни девојчиња. Сите повредени се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им се констатирани телесни повреди.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и се работи на утврдување на причините за сообраќајката.