Азербејџан ги негираше тврдењата на Москва дека ги повлекол своите сили од зоната низ која патролираат руските мировници во регионот Нагорно-Карабах.
– Нема промена во позицијата на азербејџанската армија во населбата Фарук, која е дел од суверените територии на нашата земја, соопшти синоќа азербејџанското Министерство за одбрана.
Москва го обвини Азербејџан дека го прекршил мировниот договор со упад во зоната и напад со беспилотни летала кон позициите на армијата на Нагорно Карабах.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека Азербејџан по преговорите ги повлекол своите сили од оваа област.
– Информациите за повлекување на единиците на азербејџанската армија од своите позиции се неточни. Нашата армија целосно ја контролира ситуацијата, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана