Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе ги прими денеска во Белата куќа премиерот на Шведска, Магдалена Андерсон и претседатекот на Финска Саули Ниинисте, а во време кога двете земји одлучија да влезат во НАТО.
Како што се вели во соопштението од Белата куќа претседателот ќе дискутира барањата на Шведска и Финска за зачленување во алијансата, а исто така и за прашања поврзани со европската безбедност во целина.
Средбата е свикана вонредно, а пред заминувањето на Бајден на четиридневна посета на Јужна Кореја и Јапонија.