Американскиот претседател Џо Бајден објави дека вонредната состојба прогласена во САД во март 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 ќе биде продолжена и по 1 март 2022 година поради ризикот што коронавирусот го претставува за јавното здравје.

Бајден истакна дека смртта на повеќе од 900.000 Американци како последица на Ковид-19 укажува на потребата да се одговори на пандемијата со „полн капацитет“ на федералната влада.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба пред речиси две години со цел да ослободи 50 милијарди долари федерална помош.

– Останува потребата да се продолжи оваа национална вонредна состојба, истакна Бајден во писмото што го испрати вчера до лидерите на американскиот Конгрес, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и претседателот на Сенатот Чак Шамер.