На денешниот телефонски брифинг за новинарите, висок преставник на администрацијата изјави дека пред разговорот со Путин, претседателот на САД ќе свика координациски совет со сојузниците од НАТО во Европа „за да се означи нашиот заеднички одговор“.

Според него, пред видеоврската Бајден – Путин, државниот секретар Ентони Блинкен имал координациски разговор со Володомир Зеленски, претседателот на Украина.

– САД ја изразија својата загриженост за разместувањето руски трупи на границата со Украина и Бајден ќе стави до знаење дека Русија ќе плати висока цена во случај на напад, рече преставникот.

Новите санкции ќе нанесат значајна и продолжителна економска штета за Русија во случај ескалацијата да продолжи, рече тој.

Телевизијата Си-ен-ен во меѓувреме дозна дека нови американски санкции против Москва се воведуваат за да се спречи руската инвазија на Украина.

Санкциите се по иранското сценари и можат да вклучуваат луѓе од најблискиот круг на Путин, економски мерки против руски банки, рускиот суверен долг и нафтените компании, како и исклучување на Русија од платниот систем SWIFT.

САД сепак немаат јасни индикаци и докази дека руската армија спрема напад на Украина, но во изминатиот пероид набљудуваат масивни движења на војска и воена опрема од внатрешноста на Русија, па дури и од арктичките воени бази кон Украина и распоредување војска на неколку стратешки точки долж границата со оваа земја.

Москва го зголемила и интензитетот на активностите и во кибер просторот, како и антиукраинската пропаганда по социјалните мрежи и форуми.

– Тоа е една од постојаните тактики на Русија, рече претставникот.

Путин досега во повеќе наврати посочи дека Русија нема да дозволи проширување на НАТО во Украина и Грузија и дека тоа го гледа како закана по безбедноста.

На брифингот денеска официјалниот преставник изјави дека САД не прифаќаат разговори каде се изнесуваат некакви црвени линии.