Американскиот претседател Џозеф Бајден и ја честиташе на косовската претседателка Вјоса Османа 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, наведувајќи дека САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции, соопшти нејзиниот кабинет.
„Во текот на изминатите неколку години, Косово и САД ги зајакнаа демократските институции за да обезбедат ефективно владеење, владеење на правото и можности за граѓаните на двете наши земји“, наведе Бајден во писмото.
Бајден ја изразил и својата поддршка за дијалогот меѓу Приштина и Белград.