„Украина сè уште не е подготвена за членство во НАТО“, порача Бајден во пресрет на неговата европска турнеја и учеството на НАТО самитот во Литванија, најавува дека прашањето за украинското приклучување кон Алијансата ќе биде отворено на собирот.

„Не мислам дека има едногласност во НАТО за тоа дали Украина треба сега да влезе во Алијансата, токму во период кога е во војна. На пример, ако го направивте тоа, тогаш знаете дека НАТО има преземено обврска дека нема да отстапи ниту педа од територија која е во Алијансата. Тоа е обврска која сите ние ја презедовме, без разлика на се. Ако војната трае, тогаш сите сме во војна. Тогаш ние би биле во војна со Русија“, изјави американскиот претседател.

Бајден објаснува дека иако прашањето за членство на Украина во НАТО се уште е далеку, САД и Сојузниците ќе продолжат со воената поддршка за Киев за одбрана од Русија.

„Мислам дека треба да поставиме рационален пат за Украина да може да се квалификува за влез во НАТО. Но, мислам дека е прерано да се каже, да се повика на гласање сега, бидејќи има други критериуми кои треба да се исполнат, вклучително и демократизација на земјата“, рече Бајден, повторувајќи дека ги одбил барањата на рускиот претседател Владимир Путин, упатени пред војната, Украина да не стане дел од Алијансата.

Во петокот администрацијата на Бајден се согласи на Украина, како дел од пакетот воена помош, да и достави касетна муницја, чекор кој го криткуваа неколку влијателни сојузнички на Вашингтон.