Челниците на водечките американски и виетнамски компании во секторот полупроводници, технологии и воздухопловство се состанаа во понеделникот во текот на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Ханој и договорени се нови деловни ангажмани во врска со авиони и вештачката интелигенција.

Високопозиционирани деректори на „Google“, „Intel“, „Amkor“, „Marvell“, „GlobalFoundries“ и „Boeing“ присуствувале на виетнамско-американскиот состанок посветен на иновациите и вложувањата.

Бајден на состанокот повторил дека двете земји ја продлабочуваат соработката во сметководството во „облак“, попупроводници и вештачката интелигенција, и истакнал дека Виетнам е клучен за снабдувањето со клучните суровини. Тоа е особено случај во производсството на чипови со Вашингтон кој настојува да ја намали изложеноста на секторот на ризиците поврзани со Кина, вклучително и тензиите во тргувањето и тензиите околу Тајван.

Договорите коишто Белата куќа ги објави во текот на посетата вклучуваат купување на 50 авиони од моделот „Boeing 737 Max“ за виетнамската воздухопловна компанија „Vietnam Airlines“ во зделка вредна 7,8 милијарди долари.

Белата куќа, исто така, ги објави плановите на „Microsoft“ да направи „генеративно решение засновано на вештачка интерлигеција прилагодиено за Виетнам и пазарите во развој“.

Белата куќа ги истакна и бројните вложувања на американските компании во Виетнам поврзани со производството на чипови, вклучително и плановите на „Marvell“ и „Synopsys“ за градење центар за дизајн на чипови во земјата.

Новата фабрика на „Amcor“, во близина на Ханој, вредна 1,6 милијарди долари, во којашто ќе се составуваат, тестираат и пакуваат чиповите, би требало да почне со работа, се додава во соопштението на Белата куќа.

Вредноста на оваа инвестиција е иста како и на фабриката на „Intel“ за составување чипови во износ од 1,5 милијарди долари на југот на Виетнам, за којашто се вели дека е најголемата таква фабрика во светот.

Со состанокот претседавале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и виетнамскиотминистер за вложувања Нгујен Чи Дунг,по што следеле разговорите со претседателот Џо Бајен и виетнамскиот премиер Пхам Мин Чин.