СДСМ и ДУИ администрацијата ја користат за вработување на партиски војници. Има превработеност во јавниот сектор, и згора на се се вработуваат нови кадри. Ова донесе неквалитет, неажурност и се создава нефункционалност. Таа неефикасна администрација беше одговорна за ненабавување на лекот за цистична фиброза, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.
Таа посочи дека ФЗО не функционира, а од власта не се загрижени дека нема лекови за граѓаните, немаше плати за здравствените работници.
– Шеста година власт, наместо исполнување на ветувања има само менување на министри и влошување на инфлација и катастрофален животен стандард. Се повеќе се поставува прашање дали смената на министри може да помогне за подобро функционирање на владата ако се има предвид дека и остануваат неколку месеци до крај. Државата никогаш немала повисока стапка на јавен долг и инфлација. Само празни ветувања и неспособни кадри кои гледаат да го наполнат сопствениот џеб, рече Бакраческа.
Таа истакна дека народот се бори за егзистенција, а власта е полна со корумпирани политичари кои ја донесоа Македонија во бездна.
– Младите, но и повозрасните масовно почнаа да се иселуваат. Само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици. Македонија се празни и тоа е алармантно. Ретко кој од младите не планира да замине од државата. СДСМ и ДУИ предизвикаа огромно незадоволство и разочараност како и беспрективност со катастрофално образование, нагласи Бакраческа.