Британија ги замрзнува имотите на руските големи фирми во Велика Британија во банкарството и производството на оружје, санкционирајќи уште пет олигарси и го забрани Аерофлот од нејзиниот воздушен простор, изјави премиерот Борис Џонсон.

Објавувајќи ги санкциите како одговор на руската инвазија на Украина, британскиот премиер Борис Џонсон нагласи во Парламентот дека Путин „никогаш нема да може да ја исчисти крвта на Украина од неговите раце“.