Повеќе нема да се исплаќаат пензиите пред време, мерка која беше воведена за време на пандемијата.
Од Министерството за труд и социјала велат дека со августовската пензија се враќа редовниот начин на исплата.

„Деловните банки ја прекинуваат досегашната пракса со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на први во месецот, директно од буџетот на државата“, велат од МТСП.

За време на пандемијата се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи како дел од мерктие за спречување на ширење на вирусот преку намалување на метежот во банките.