Канада како следната Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се спротивстави на кинеското влијание во Канада, како дел од проширувањето на неговата доктрина за Западната хемисфера, изјави Стив Банон за „Дејли мејл“.
Поранешниот архитект на кампањата и советник на Трамп оценува дека Канада станува следната клучна геополитичка точка за Вашингтон.
- – Следната голема работа ќе биде Канада. Канада е следната Украина затоа што не може да ја брани својата северна арктичка граница, а Кина ќе дојде и ќе се нафрли. Канаѓаните не можат да ја бранат и Трамп ќе биде жесток – рече Банон, поранешен главен стратег на Белата куќа.
Во контекст на арктичката политика, Банон потсети дека за време на првиот мандат на Трамп била формирана арктичка работна група, која го продлабочила разбирањето на Белата куќа за геостратешката важност на Гренланд и ги нагласила ранливостите на Канада во арктичкиот регион.
Според поранешни функционери на Белата куќа кои зборувале за „Дејли мејл“, Трамп подолго време изразувал загриженост за активностите на Кина на Арктикот, особено откако Пекинг во 2018 година се опиша како „блиска арктичка држава“.
Во истиот извештај се наведува дека Канада во последните години гради поблиски односи со Кина, што може да ги наруши нејзините постоечки односи со Соединетите Американски Држави.
Загриженост во Вашингтон предизвикала и посетата на канадскиот премиер Марк Карни на Кина, прва таква посета по речиси десет години, при што тој ги опишал кинескиот претседател Си Џјинпинг и Кина како „стратешки партнери“.
– Верувам дека напредокот што го постигнавме и партнерствата што ги изградивме нè позиционираат добро за новиот светски поредок – рече Карни.
Карни, исто така, застана на страната на Данска, како сојузник во НАТО, во врска со интересот на претседателот Трамп за преземање на Гренланд, изјавувајќи пред новинарите дека претседателот Шји „нашол голема согласност“ во однос на интересите на САД за островот.
