И малата плата која ја имаат доцни

„Бараме плата за достоинствен живот“, „Намалување на директорските трошоци и службени возила“, „Платата во Пошта е социјална помош“. Ова беа само дел од слоганите со кои вработените во „Пошта“ одржаа мирен протест пред главната дирекција. Тие го изразија револтот поради доцнењето на февруарската плата, загрижени се за лошата финансиска ситуација на компанијата.

Вработените во Пошта излегоа на предупредувачки протест

Вработените се пожалија и на лошата кадровска политика. Велат, 80% од нив се на минималец, а по 15 години поштарите дури сега добиле зимски униформи.

Вработените предупредуваат на идни протести и штрајк

Ако не се чуе нивниот глас, вработените најавија продолжување на протестите и почнување постапка за штрајк. Тие побараа итни чекори.

– Ја повикуваме Владата веднаш и без одлажување да се задолжи за обезбедување на финансиски средства за редовно исплатување на плата, како и преземање на итни мерки за реорганизирање и реформирање на работењето на Македонска пошта кое би довело до стабилизација и опстојување на компанијата, рече Боро Велигденов, претседателот на Синдикатот на Поштата. Тој најави штрајк доколку не се исполнат нивните барања.

Од Македонска пошта велат дека со години алармираат за овие проблеми до Владата и до раководството, со барања за итно реформирање и реорганизирање на акционерското друштво, но попусто.

Вработените во Пошта излегоа на предупредувачки протест

Вработените во Пошта излегоа на протест разочарани

Во моментов компанијата брои 1.800 вработени и 200 договорни поштари, а синдикатот бара и да се реши статусот на поштарите со договор на дело, кои со години работат без здравствено осигурување.

Извор: Вечер, МРТ