Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Вилијам Барнс, вчера изјави дека Кина внимателно го следи конфликтот во Украина и дека тоа влијае на нејзините проценки за Тајван.
Британските медиуми пренесуваат дека Барна на настан организиран од „Фајненшл тајмс“ оцени дека раководството на кинеската Влада било под влијание на „жестокиот отпор“ на Украина и економските последици што ги чувствува Русија.
Тој, меѓутоа, верува дека сето тоа нема да ги промени долгорочните цели на Кина.
-Ниту еден момент не помислив дека тоа со текот на времето ќе ја загрози одлучноста на Пекинг да ја преземе контролата над Тајван, но мислам дека тоа е нешто што влијае на нивните проценки за тоа како и кога ќе го направат тоа, рече Барнс.