Барселона на лето очекува да потроши и до 700 милиони евра за засилување на тимот. Најголем дел од овие средства каталонскиот клуб планира да ги добие на сметка од продажба на ТВ правата.
Се претпоставува дека продажбата на 25 отсто од акциите ќе донесе до 500 милиони. Според „ESPN“ каталонскиот фудбалски гигант се надева дека ќе добие уште 200 милиони од продажбата на удел (до 49,9%) во областа на лиценцирање и трговија.
За реализација на планот, на клубот ќе му треба согласност од неговите членови во раководните тела. За ова Барселона на 16 јуни ќе одржи итен состанок на кој ќе се гласа.
Лимитот за трошење на Барселона моментално е минус 144 милиони евра, што е единствената негативна бројка во целата Ла Лига.