Барселона продолжува да работи на трансферот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен.
Шпанските медиуми веќе излегоа со информација дека каталонскиот клуб подготвува нова понуда за напаѓач вредна 50 милиони евра и се надева дека оваа сума ќе го убеди Баерн да го продаде Полјакот.
Претходно се дозна дека Барселона понудила 32 милиони евра за Левандовски.
Да напоменеме дека рокот на договорот на Левандовски со Баерн е со важност до летото 2023 година.
Триесет и тригодишниот напаѓач минатата сезона постигна 46 гола на 50 настапи за Баерн во сите натпреварувања.