Раст од над 3 проценти на БДП во изминатите четири квартали, забрзување на градeжништвото, раст на туримизот и земјоделстото. Сметам дека овие бројки се добра препорака. Ние сме нов пазар и сакаме да се развиваме и како Влада сакаме да се претставиме пред бизнис ориентираните Влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на работната средба со главниот извршен директор на Стопанска комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута и претставници од Стопанските комори во земјава.
Дубаи, од друга страна, како што посочи Мохамед Али Рашед Лута има единствена позиција како центар, каде македонските компании може да го зголемат својот раст на глобалните пазари, изразувајќи очекување дека нашето партнерство има голем потенцијал за соработка во области како трговијата, одржливоста и сектотите за дигитална економија со што можеме да дојдеме до раст од 20 проценти до 2030 година.
Мицкоски, нагласи дека имаме номинален раст на БДП од 7,8 проценти и нема да биде изненадување ако дојдеме и до четири проценти раст на БДП кон третиот квартал на годинава, со оглед на консолидацијата на буџетот.
-Приоритет на нашата Влада од самиот почеток е економска стабилизација на земјата. Би сакале да се претставиме како Влада ориентирана кон бизнис, која сака да донесе што е можно повеќе странски директни инвестиции и да ги поддржи домашните инвестиции. Резултат на тоа е значителен раст во втората половина од минатата година и првата половина од годинава споредно со истиот период претходните години, нагласи Мицкоски.
Го забрзуваме граджништвото, турмизот, земјоделстото и значително внимание посветуваме на извозот на земјоделски производи, рече Мицкоски, оценувајќи дека досега добро ни оди, но и дека секако се уште има простор за подобрување.
-Засега ја консолидиравме економијата и создадовме добра бизнис клима. Веќе нема политичари што вршат притисок врз бизнисите и ова е нешто што е многу важно за земјата, имајќи го на ум искуството од минатото, што беше голем проблем за бизнис заедницата. Мојот прв чекор беше да ги ослободам бизнисите од надворешните политички притисоци и да им дозволам да растат слободно и тоа е нешто што додава вредност на нашата економија досега, изјави Мицкоски.