Според Исмаилји, бебето не е родено со коронавирус, туку, врз основа на анамнезата, било утврдено дека целото семејство е заразено со ковид-19. Станува збор за фамилија од гратчето Липљан, во близина на Приштина.
Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Косово и Метохија нагло се зголеми во последните недели, а 101 лице почина од коронавирус од почетокот на септември, вклучувајќи бремени жени и лица помлади од 40 години.