Бебето починало по донесувањето во болница, без траги на насилство
Вчера вечер во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение на Општата болница во Кичево било донесено бебе родено во 2024 година, кое било во критична здравствена состојба.
И покрај брзата медицинска интервенција и обидите за реанимација, бебето починало. Лекарите потврдиле дека смртта настапила без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.