Од компанијата посочуваат дека по одземањето на лиценцата на 20 јуни имале законски рок да ја извршува дејноста кој исеткол и во кој период се направени ремонти. Договорот за закуп на топланите „Исток“ и „Запад“ со „Адора“ е раскинат а договорот со ЕСМ е истечен.

„ БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите.БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. На 20.06.2022 година РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство.Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022 год., односно истиот е истечен“, соопштија од БЕГ.

Се понеизвесно е како ЕСМ ќе испорача топлинска енергија за скопјани со оглед дека грејната сезона почнува на 15 октомври.