Повеќе од 100.000 тестови за Sars-Cov-2 се направени на малолетници во Македонија за да патуваат во странство, а нивните родители за тоа платиле околу 2 милиони евра. Истите тие родители, сега не дозволуваат бесплатно нивни деца да бидат тестирани, за да имаат побезбедни училишни денови, напиша Беќаровски на Фејсбук.

Министерството за здравство информираше дека 8 178 ученици од 364 основни и 109 средни училишта ќе бидат опфатени со скринингот кој се планира да започне идната недела. Од оваа недела започна барањето согласност од родителите за тестирање на децата за Ковид-19, процес што ќе се спроведува низ државата. Активностите за превентивни тестирања се преземаат со цел рано детектирање и превенција од ковид во училиштата. Скринингот ќе се спроведе со брзи антигенски тестови.