Според министерот за економија, Крешник Бектеши, постои здружување на неколку компании во производството на леб, кои се договориле да го продаваат лебот во Скопје поскапо, отколку што се продава во внатрешноста на земјава
„Јас сум убеден, ова е мој личен став, дека во градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб по големите супермаркети. Во внатрешноста на Македонија, цените се пониски од 32 денари, вели министерот во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Бектеши ја повика Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот.
„Таква работа ние како Министерство за економија нема да дозволиме додека имаме механизми да постапиме согласно Законот за трговија. Тука нема ништо спорно, имајќи предвид дека многу е дециден членот 29 и членот 30 – дека во одредени ситуации Министерството за економија може да ѝ предложи на Владата вакви ограничувања или обврски, и дека секако една од мерките може да биде замрзнување или определување на највисока цена за одреден производ“, додава тој.