Ако не ги намалат цените може да останат без субвенцинираната струја. Министерот Бектеши со последна опомена до производствените компании. Ќе чека до крајот на месецов да ги добие извештаите кои треба да покажат дали, и за колку фирмите ги поевтиниле производите, откако користат поевтина субвенцинирана струја. Оние кај кои ќе се покаже дека не го сториле тоа, може да останат без оваа поволност. Инаку, со месеци компаниите скапата електрична енергија ја споменуваа како причина за поскапувањето на производите. Бараа да им се помогне со цел да ги намалат торшоците за производство, што дирекно ќе се одрази на крајните цени.
Ако не се намалат на процентотот кој е договорен и согласно очекувањата на потрпшувачите тие пари ќе им ги дадеме на граѓаните преку различни мерки. Може и за тие компании кои не ги намалиле цените, значи може селективно да не важи мерката а тие што ги намалиле за тие да продолжи да трае до крајот на април, вели Бектеши.
За во неделата во владиното соопштение стои дека ЕСМ со сопствено производство ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, но и на институциите кои се дополнително приклучени.
Од средината на годинава ДДВ за струја треба да се врати на 18 отсто. Надлежните уверуваат, се разгледува опцијата да остане на 10 проценти, а се анализа и можноста да се врати евтината дневна тарифа.