За утре е свикана Комисијата за енергетика, која согласно сите податоци ќе испрати писмо до нас како министерство, кое ќе го проследиме во Влада. Во вторник на редовната владина седница ќе биде разгледана можноста за прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор, информира вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши за дневникот на ТВ Сител.
Според него, кризна состојба не значи рестрикции на струјата.
Струјата стигнува до секој дом, немаме проблем со тоа. Кризната состојба во енергетиката значи како Владата директно да вбризгуваме средства во МЕПСО и ЕСМ. Само за таа намена е кризната состојба. Нема да има никакви рестрикции во домаќинствата, повтори Бектеши.