Нафтените деривари кои се користат во Македонија се со добар квалитет согласно правилникот за течни горива, кој е во согласност со оној на Европската унија. Тоа го посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 мај.
Според ресорниот министер, Бирото за метрологија во чија надлежност се лабараториите за проверка на квалитетот во соработка со Државниот пазарен инспекторат проверуват дали дериватите на македонскиот пазар се во рамки на предвиденото во секој елемент од правилникот.
Директорот на Бирото за метрологија Абдил Селам Селами посочи дека располагаат со современа технологија, најавувајќи нови инвестиции во осовременување на лабараториите. Во однос на квалитетот на нафтените деривати, појасни дека имало отстапувања кај одредени бензиски пупми, но генерално квалитетот на нафтата и мазутот ги оцени како добри.
-Ние сме во добра алка до европските земји, но треба уште да вложуваме. Годинава ќе пробаме да вложиме во нашите лабаратории, а тоа директно ќе влијае на економијата, рече Селами.
Според министерот Бектеши, внатрешниот пазар, односно производите, услугите и заштитата на потрошувачите се едно од најглавните поглавја во Европската унија, која го почна скрининг процесот на Северна Македонија.
-Министерството за економија и Владата секогаш ќе даваат поддршка за инвестирање во Бирото за метрологија со цел подобрување на условите и подобрување на квалитетот за сите услуги на граѓаните и секој производ што го купуваат во нашата држава, рече Бектеши во обраќањето по повод однележувањето на Денот на метрологијата.
Покрај ивестиците направени за набавка на нови лабаратории за мазут, дизел, бензин и слично, најави дека годинава ќе инвестираат во инструменти во делот на гасомерите, имајќи го предвид развојот на гасоводниот систем во државата, но и преку интерконективните системи и со соседството.
-Министерството за економија и Владата секогаш ќе бидат во поддршка на менаџментот на Бирото за метрологија со цел овие услуги да се подобрат во насока на подобрување на квалитет за сите услуги и секој производ што го купуваат граѓаните во нашата држава, нагласи Бектеши.
Изрази убедување дека преку соработка со научната фела, државата ќе има одлични преговори за поглавјето на ЕУ за внатрешен пазар, а најважно од се, како што нагласи, е дека ќе ги заштитат потрошувачите и граѓаните во делот на квалитетот.
Годинашната тема на Светскиот ден на метрологијата е „Мерења кои ги подржува глобалниот прехранбен систем“, избрана поради зголемени предизвици од климатските промени и глобалната дистрибуција на храна во светот.
Метрологијата е наука за мерењето, односно го одбележува влијанието на мерењето врз секојдневниот живот. Точните и конзистентните мерења овозможуваат фер трговија, гарантираат квалитет во производството и поддршка на иновациите. Точни мерења се во функција на безбедноста, здравјето и квалитетот на животот.