Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил потсетува дека од денеска данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, во сите маркети, е нула проценти.
Како што наведува Бектеши, ДДВ е нула отсто за лебот, брашното тип – 400, млекото (со масленост 2, 3,2 и 3,5 проценти), белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.
-Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите, наведува Бектеши.