Бектеши по средбата со дел од еснафот на Старата скопска чаршија нагласи дека состојбата будно се следи.

-Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот ланец на снабдување, посебно со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија. Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување на одредени цени, било тоа да се цени во прехранбените производи или суровини кои се увезуваат или се продаваат директно во голема и мала продажба, рече министерот.

Ние работиме, додаде, на зголемување на платите на приватниот и јавниот сектор, првично на минималната плата, што потоа ќе придонесе да се зголемуваат и другите плати.