Министерот за економија Крешник Бектеши престојува во дводневна официјална посета Албанија во рамки на која денеска во Тирана ќе се сретне со албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај, по што е предвидена прес-конференција на двајцата министри.
Министерот Бектеши денеска ќе има средба и со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро.
Утре, пак, Бектеши ќе учествува на Економскиот форум во Тирана, на панелот „Енергетската политика во Албанија – Постигнување на енергетска независност и издржливост во меѓународната енергетска криза”.