ПРОНАЈДЕНА БЕЛА ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА КАЈ ОСУДЕНИК ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО

Во Казнено-поправната установа „Идризово“ била откриена бела прашкаста материја кај 62-годишниот осуденик М.М. од Скопје, кој се враќал од отсуство. Инцидентот бил пријавен на 17 август 2025 година околу 20:50 часот во СВР Скопје.

Според пријавата, при влез во установата и извршен претрес во 17:45 часот, материјата била пронајдена скриена во кеса со храна што ја носел осуденикот.

Надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на потеклото и намената на запленетата супстанца.