Белата куќа најави можност за поместување на посетата на Кина

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг можеби нема да се одржи во првично планираниот термин. Од Белата куќа информираат дека посетата може да биде поместена, бидејќи вниманието на Трамп во овој период е насочено кон воените операции поврзани со Иран.

Портпаролката Каролин Ливит изјави дека претседателот и натаму планира да ја посети Кина, но датумот на патувањето може да се измени.

Претседателот со големо очекување ја планира посетата на Кина. Можно е датумот да биде променет. Како врховен командант, негов приоритет во овој момент е да обезбеди успех на операцијата ‘Епски гнев’. Ќе ги соопштиме новите датуми веднаш штом ќе има конкретни информации,“ изјави Ливит.

Средбата не е откажана, можно е само одложување

Ливит претходно, во интервју за „Фокс Њуз“, посочи дека не очекува средбата да биде откажана, туку дека е можно нејзино одложување.

Не сметам дека постои ризик средбата да не се одржи, туку дека постои голема веројатност таа да биде одложена,“ нагласи таа.

Средбата првично беше закажана за 31 март. Сепак, евентуално поместување на посетата може дополнително да ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг. Ова се случува во период кога кризата со Иран веќе отвора нови несогласувања, покрај трговските спорови и прашањето за Тајван.

Пад на извозот на нафта и продолжени разговори со Кина

Во меѓувреме, извозот на нафта од Блискиот Исток се намалил за повеќе од 60 проценти од почетокот на војната на 28 февруари.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека Трамп сака да остане во Вашингтон за да ја координира војната.

Во исто време, логистичките подготовки за посетата и разговорите со кинеските претставници за можни трговски договори продолжуваат.