Белата куќа денеска објави детали за економскиот план на Администрацијата на Џо Бајден и Камала Харис. Во изјавата се вели дека историските успеси во законодавната сфера и акциите направени од Администрацијата даваат резултати со одржливо заживување на американската економија.
Од Белата куќа изјавија дека првите две години од претседателството на Џо Бајден се „едни од најпродуктивните во американската историја, и сите тие успеси се дел од единствениот економски опит на актуелниот претседател“.
Со додава дека Бајден и демократите во Конгресот го усвоиле најобемниот пакет мерки за обнова на економијата од времето на претседателот Рузвелт и ги реализирале најзначајните инвестиции во инфраструктурата од времето на претседателот Ајзенхауер.
-Претседателот Бајден, потпретседателката Харис и демократите во Конгресот го убрзаа најсилното и најправедното заживување на економијата и пазарот на трудот во современата историја, иако во наследство добија економска криза која се случи како резултат на пандемијата, се вели во соопштението.
-Но претстои уште многу работа. Администрацијата заложи основа за да се започне со решавање на повеќегодишните економски проблеми и создавање на економија која функционира во интересите на работниот народ.
Покрај тоа, оваа Администрација се пофали со успеси во намалување на трошоците за американските семејства и инвестици во производство на еколошки чиста енергија.
Економијата се очекува да биде темата на уште еден предизборен митинг на Бајден што денеска треба да се оддржи во Охајо, каде тој ќе учествува во удирање камен темелник за производствен погон на компанијата „Интел“, кој се реализира благодарејќи на донесување на законот за чипови.