Прашан да ја коментира изјавата на американскиот претседател од пред неколку дена, портпаролот на Белата куќа истакна дека Бајден рекол оти рускиот претседател допрва треба да покаже интерес за разговор, но посочи дека Путин не покажал апсолутно никаква склоност да биде заинтересиран за каков било дијалог

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден во моментов „нема намера“ да води преговори со претседателот Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина, еден ден откако Бајден се појави да даде условна понуда да разговара со неговиот руски колега, пишува Гласот на Америка.

„Едноставно не сме во момент кога разговорите се чинат како плодна почва за пристап во моментов“, изјави за новинарите во петокот портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Неговата изјава следува откако на заедничката прес-конференција со својот француски колега Макрон, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Путин доколку, како што кажа, навистина постои интерес тој да одлучи дека бара начин да стави крај на војната.

Прашан да ја коментира изјавата на американскиот претседател, портпаролот на Белата куќа истакна дека Бајден рекол оти Путин допрва треба да покаже интерес за разговор, но посочи оти рускиот претседател не покажал апсолутно никаква склоност да биде заинтересиран за каков било дијалог.

„Претседателот воопшто не укажуваше дека сега е време за разговори. Всушност, тој беше доследен дека само украинскиот претседател Зеленски може да одреди дали и кога ќе има договор со преговори и какви се околностите околу тоа решение“,

рече Кирби.

На прес-конференцијата со Макрон, Бајден изјави дека нема непосредни планови да контактира со Путин, но дека е подготвен да разговара со него ако постои интерес од руска страна за ставање крај на војната во Украина.

Изјавата на Бајден ја коментираа и од Кремљ, од каде посочија дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за разговори за можното решение за конфликтот во Украина. Сепак, оттаму посочија дека и покрај отвореноста на Путин за преговори, Русија нема да се повлече од укранска територија.