Во преговорите што се одржале речиси цела ноќ, е вклучен договор за „инвестиции од околу 100 милиони евра за мали модуларни реактори“. Прогресивното исфрлање на нуклеарната енергија е воведено во белгискиот закон од 2003 година.
Крајниот датум е 2025 година, цел што сегашната влада се обврза да ја исполни кога ја презеде функцијата во октомври 2020 година.
Но, ова прашање ја подели владината седумпартиска коалиција на зелените, социјалистите и либералите на премиерот Александар Де Кро. Во текот на денот се очекува прес конференција со детали за договорот.