Откако руската државна компанија „Газпром“ денеска ја прекина испораката на гас за Холандија во соседна Белгија велат дека засега нема индиции дека истото би можело да им се случи, ниту пак има потреба од активирање на националниот план за вонредни состојби за природен гас.
„Во моментов нема индикации дека ќе престане испораката на гас за Белгија. Но, Белгија е целосно подготвена. Подобро е да се спречи отколку да се лечи“, изјави белгиската министерка за енергетика Тина ван дер Стретен.
Таа додаде дека ЕУ е веќе подобро организирана и тоа со заедничко купување гас, забрзување на енергетската транзиција и намалување на потрошувачката на енергија.
Во исто време, белгискиот премиер Александар Де Кро од Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека ЕУ ја достигнала границата за енергетски санкции со договорот за ембаргото на руската нафта, со што ги отфрли наводите за можноста за забрана на увоз на гас од Русија како следна фаза на рестриктивни мерки.