Владата во Белгија го одобри предлог-законот за забрана на терапии за реконверзија на лица со различна сексуална ориентација или идентитет, а законот стапува во сила веднаш.
Терапиите за реконверзија се сите терапии чија цел е да се промени сексуалната ориентација или родовиот идентитет на едно лице, било преку физички или психолошки методи.
Со овој закон ќе се казнуваат лицата или организациите кои вршеле вакви терапии со парични казни до 300 евра и/или затворска казна до две години. Минималните казни се еден месец затвор и 100 евра казна. Судијата ќе треба да одлучи зависно од околностите, па така на пример лице кое ужива авторитет и доверба ќе добива повисока казна, исто и во случај жртвата да е малолетна или ранлива. Се казнува и поттикнување на вакви терапии.
Осудените можат исто така да добијат забрана за вршење на професионалната должност или било каква политичка или социјална активност поврзана за делото.