Едно деноноќие во Тетово беше доволно за да се види какво било 20-годишното владеење на партијата ДУИ во Македонија.
Имено вчера на Тетово се случи катастрофа од поројните дождови кои го зафатија градот, а улиците налукуваа на Венеција.
Видеата и фотографиите кои кружеа на социјалните мрежи беа вознемирувачки, а реакциите на граѓаните застрашувачки.
ДУИ кои во моментов се декалрираат за зелена партија и партија која долги години наназад го раководи овој град, докажа како не треба да работи една „зелена партија“.
Имено лошата инфраструктура, канализациската мрежа која со вчерашните поплави се докажа дека е во катастрофална состојба го отсликува 20-годишното владеење на ДУИ, како на локално така и на централно ниво.
Во западните земји, земјите кои велиме дека ни се репер за понатамошен развој на државата, „зелените партии“ во тие земји се грижат за чист воздух, здрав живот, еколошки чисти околини, но во Тетово, градот со кој практично до пред неколку месеци владееше ДУИ е спротивно на сето ова.
Тетово важи за еден од најзагадените градови во светот, здравиот живот за тетовчани е „научна фантастика“, а еколошки чистите околини „мисловна именка“.
Ако Љубљана во Словенија неколку години по ред добива награди за град со нула отпад, Тетово важи за најзагаден град во светот.
А денес, градот под Шара преживува нова катастрофа, пожарот кој изби во една од фабриките е на прагот да му нанесе нова катастрофа на Тетово, а партијата која со години владее во градов, наместо со парите на граѓаните да купува противпожарни возила, истите ги „ставале“ в џеб, па оттука екс градоначалничката Арифи заработи и кривична пријава за злоупотребени 68 милиони денари.
Само едно деноноќие беше доволно за граѓаните да го видат 20-годишното владеење на ДУИ во Македонија.