Минск и Варшава веќе неколку недели се во спор околу мигрантското прашање, додека ЕУ го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко дека организирал бран мигранти, главно од Блискиот Исток, како одговор на санкциите на ЕУ кон Белорусија поради репресијата врз опозициските демонстранти.

Белоруските власти денеска ги отфрлија тие обвинувања и ја предупредија полската страна да не користи провокации за да ги „оправда можните незаконски воинствени дејствија“ против мигрантите.

Минск ги оцени како „неодржливи“ обидите на Полска да ја префрли одговорноста врз Белорусија „за мигрантската криза на границата“.

– Полското Министерство за одбрана не бара конструктивно решение за тоа прашање и намерно ја крева актуелната конфликтна ситуација на политичко ниво, изјавија белоруските власти.