Белорускиот претседател Александар Лукашенко денeскa го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна.
Досега смртната казна се применуваше за злосторства како убиство или терористички акти.
Егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата.
Споменатата промена е дел од измените на Кривичниот законик, чија најавена цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата од екстремистичка (терористичка) или антидржавна ориентација“.
Според друга измена, што денеска исто така беше одобрена од Лукашенко, лице осудено за „дискредитација“ на белоруските вооружени сили ќе добие затворска казна.
Русија донесе сличен закон по инвазијата врз соседна Украина, пред нешто повеќе од една година.
Белорусија досега не испрати свои војници во Украина, но и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да ја почне инвазијата врз Украина, на 24 февруари 2022 година.
Ова земја, исто така, им дозволува на руските авиони и беспилотни летала да го користат воздушниот простор за напади врз Украина.