Амбасадорот на Белорусија во Украина, Игор Сокол, изјави дека целиот персонал на амбасадата е евакуиран, јавија белоруските медиуми.

Како причина за евакуацијата Сокол ги наведува „лошите услови за работа“ – блокирани се банкарските сметки на амбасадата, а условите за работа на вработените биле „неподносливи“, добивале постојани закани за физичко насилство.

Се прецизира дека дипломатите заминале за Молдавија.