Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе го тужи Министерството за образование и наука, бидејќи навреме не доставило учебници до училиштата. Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Весна Бендевска изјави дека тужбата ќе биде во најскоро време доставена до судот.

-Нашиот закон вели заштита од дискриминација на највисоко ниво дава судот. Судот е оној кој дели правда и навистина ајде да го тестираме судот. Ние како експертско тело најдовме дека се работи за најтешка форма на дискриминација која опфаќа многу голем дел ученици од основно образование“, изјава Бендевска