Португалскиот фудбал го тресе сериозен скандал откако полицијата почна темелна истрага против Бенфика, по сознанијата дека овој гигант местел натпревари во периодот од 2016 до 2020 година.
Истрагата е базирана на информации откако се хакирани бројни клупски датотеки, вклучувајќи и емаил-комуникации од официјалните клупски адреси.
Сите луѓе кои биле дел од управата на клубот во тој период се под истрага, вклучувајќи го тука и актуелниот претседател Руи Коста. Во тој период претседател на Бенфика беше Луис Филипе Виеира, а Коста работеше директно под него, наследувајќи го кога овој се повлече по обвиненијата за перење пари и даночни измами.
Долгогодишниот претседател на Бенфика важеше за човек без дамка на името, но тоа дефинитивно може да се промени по најновата истрага против неговиот клуб.
Дека ситуацијата не е наивна доволна потврда е дека Бенфика преку клупско соопштение потврди дека клубот е под полициска истрага, не обелоденувајќи повеќе детали.
“По објавените вести на оваа тема, можеме да потврдиме дека од 3 јануари се води истрага против клубот, против сите членови на Управниот одбор од 2016 до 2020 година, но и сите оние кои се моментна управа во клубот“, објави Бенфика.