Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши промена на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС- 95 и Еуросупер БС -98 се намалуваат за 0,50 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС- 95 изнесува 76,50 денари за литар, а Еуросупер БС -98 изнесува 78,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за 1,00 денари за литар и изнесува 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар и изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,424 ден/кг, и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,941 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот зголемување за 1,583%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,420% и кај мазутот зголемувањето е за 0,842%.