Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Ч.(58) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Како што објаснуваат од МВР, на 6 јули годинава, на објавена вест од портал на Фејсбук, пријавениот објавил коментари со кои промовирал и поттикнал омраза и дискриминација.