Валутните и стоковните тргувања на берзите во САД, Европа и Азија реагираат со пад по синоќешниот напад на Русија врз Украина.

На Волстрит, на почетокот на тргувањата денеска главната S&P 500 берза се намали 2.5 отсто, за потоа да се зголеми по повлекувањето на паниката кај инвеститорите. Но претпладне индексот повторно се намали за 1.5 отсто.

Во Европа, тргувањето на германската DAX денеска заврши со повеќе од 4 отсто загуба, додека Stoxx Europa 600 за 3.5 отсто. Хонгконгошката Hang Seng денеска изгуби 3.2 проценти.

Во Москва, берзата изутринава запре со работа бидејќи акциите паднаа до минимално дозволеното ниво. Тргувањата потоа продолжија но цените на акциите се во слободен пад. Рубљата девалвираше во однос на доларот и еврото до рекордно ниско ниво.