Во услови на криза во ДУИ, Ахмети и неговата партија се враќаат на националната реторика само за да добијат некој глас, велат од Движењето БЕСА, додавајќи дека оваа реторика на Ахмети им оди во прилог само на Левица, и да ги охрабри Албанците во име на лажниот патриотизам на ДУИ да гласаат за нив.
„Оваа политика на ДУИ не е показател на европскиот пат на земјата, туку напротив, уште повеќе го отежнува животот на граѓаните. Сè уште се свежи настаните кога учениците Албанци беа тепани по автобуси во Скопје. Затоа нашата држава заедно со сите етникуми што живеат во неа, обединети, треба да се интегрира во ЕУ. Во моменти кога тој и неговата партија не успеваат во сите правци, тој се обидува со слепа политика да ја испрати земјата во бездната на меѓуетнички конфликт“, велат од БЕСА.
Додаваат дека ДУИ не треба да се занимава со ваква политика, туку да даде отчет за 20-те години неуспеси и за тоа што не успеале да реализираат ниту еден капитален проект во регионите со мнозинско албанско население.
Државата е зафатена од криминал и корупција, а неуспесите на владата се последователни. На Северна Македонија не и требаат меѓуетнички конфликти, велат од БЕСА.