„ДУИ, откако ги испланира сите активности за поставување на крстот на Попова Шапка, сака вината да ја префрли на Движењето БЕСА“ реагираат од партијата предводена од Билал Касами на соопштението на ДУИ во кое од владејачката партија ги обвинија дека поставувањето на крстот на Попова Шапка е договор меѓу ВМРО и БЕСА.

Во реакцијата уште и се наведува „исто како вината ја префрлија кај Албанците за инцидентите по автобуси низ Скопје, за случајот `Алфа`, за случајот `Монструм`, Кале и многу други случаи“.

„Замислете, ДУИ ја ажурира целата ситуација, координирајќи се со Груевски, планирајќи со Вучиќ и спроведувајќи со Заев и Ковачевски. ДУИ смета дека граѓаните забораваат дека таа заедно со ВМРО-ДПМНЕ владееше десет години, каде заедно го планираа проектот `Скопје 2014`, поминувајќи ги сите рамнини и ридови на Македонија и откако ги реализираа некои од овие сценарија заедно со СДСМ – сакаат да префрлат вината на Движењето БЕСА!“ велат оттаму.

Од опозициската партија изјавија дека немаат никаква врска со поставувањето на крстот и нема да прифатат поставување на истиот во Попова Шапка.

„ДУИ треба да даде отчет и да каже какви други планови има со Груевски и Вучиќ? Исто така, не ни продавајте повеќе морал затоа што играта се откри и јасно е дека „проститутката“ ни продава морал“ се вели во реакцијата.