Според податоците од министерството за економија, лиценца за туристичка дејност добила во декември 2020 година, но една од понудите датира од мај 2019-та, анализира „Радио Слободна Европа“.
Лиценците и одземената документација на превозникот Беса Транс од македонското обвинителство се предадени на бугарското обвинителство, кое ги истражува причините за големата сообраќајна несреќа која минатата недела се случи на бугарската магистрала Струма, при што во опожарен автобус загинаа 45 луѓе.
По прес конференцијата на македонските министри во петокот, се отворија неколку прашања за тоа како некои фирми под радарот на институциите со години вршат злоупотреби и не ги почитуваат правилата.
Целата анализа на „РСЕ“ може да ја најдете тука.