-Телеграма со сочувство!
Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија, изразуваме сочувство до семејствата и роднините на починатите, се молиме за брзо оздравување на преживеаните. Компанијата во целост соработува со надлежните институции со Р.C. Македонија и Р. Бугарија се со цел да се утврдат причините за оваа страшна трагедија! Се извинуваме на сите што не сме во можност да одговориме на бараните информации, бидејќи сме во голем шок.
Со почит.
За секакви информации во врска со случајот јавете се на 075273732, гласи пораката упатена во јавноста од компанијата.
Беса транс – Скопје упати телеграма со сочувство до семејствата и роднините на починатите
Б
Компанијата „Беса транс – Скопје“ на својот профил на Фејсбук упати телеграма со сочувство по страшната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 45 луѓе.