Според министерот, важно е што последните пакети кои ги донесе Владата покрај кризната поддршка, имаат и развоен карактер, како што беше и петтиот пакетна мерки, исто така и овој шестиот пакет на мерки кој помина на Влада на денешната седница.
Тој посочи на позитивните трендови во првиот квартал, наведувајќи дека сепак предизвиците останувааат.
Бесими рече дека заклучно со 15 април приходите се повисоки во однос на лани за 7,8 проценти, придонесите во овој период се за 8,7 проценти повисоки во однос на минатата година, висок раст е забележан и кај даноците за 11,6 отсто и придонесите за 4,7 отсто, извозот во првите два месеца има номинален раст од 9,8 отсто, увозот номинален раст за 4,4 проценти, што, според него, укажува на динамизирање на економска активност, но сепак побрзиот раст на извозот предизвика намалување на дефицитот во споредба со истиот период за 11 проценти.
Тој додаде дека искористеноста на производствените капацитети исто така растат со 71 отсто искористеност во февруари што е на ниво од преткризниот период и посочи на податоци на внатрешна трговија, просечната плата, кредитирањето и депозитите.
– Согласно ова во оваа фаза остануваат проекциите за оваа година да забележиме позитивен економски резултат, односнот раст на БДП и покрај предизвиците до колку проекциите се остваруваат како што ги гледаме бројките во економијата. Покрај овие позитивни бројки остануваме посветени на поддршка на економијата со мерки, а тоа е шестиот пакет на мерки, рече Бесими.
Тој информира за двете мерки што ќе се реализираат преку Развојната банка, кои ги образложи директорот на банката.
Едната мерка, како што рече, е за подршка на ликвидноста за компаниите кои реинвестираат добивката во 2020 година. Спчоред министерот идејата е да се поддржи реинвестираната добивка за ликвидносни цел.
Втората мерка кредитната линија за поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од коронавирусот.
– Сметаме дека овие мерки ќе придонесат во реализирањето на целта на шестиот пакет на мерки, а тоа е поттикнување на ликвидноста на стопанството, поддршка на компаниите кои ќе инвестираат годинава и ќе делуваат на забрзување на економскиот раст, како и во насока на поддршка на дејностите кои беа целосно затворени во третиот бран на кризата, рече Бесими.