Државата ќе издава граѓански обврзници. Од следниот месец граѓаните вишокот пари ќе можат да го инвестираат во две годишни хартии од вредност.
Минималната сума е 10.000 денари, камата се уште не е утврдена, но ќе биде повисока од онаа која ја даваат банките, а пониска од задолжувањето надвор. Ако камататите на банките за 24 месеци во просек се околу 2,5%, а надворешните 6,25, според пресметките, би се движела од 3,5 до 5,5 отсто.
Со новиот инструмент, министерот Бесими очекува да се соберат околу 50 милиони евра, пари кои ќе се инвесираат во капитални проекти, меќу кои и Koридорите 8 и 10Д.
-Граѓаните треба да станат свесни дека вредноста на парите под перница, особено во време на инфлација, се намалува. Сега имавме висока инфлација и граѓаните најлесно може да сфатат дека е добро да ги вложат своите пари место да ги чуваат. Ако им требаат пари, можат да ги продадат на секундарниот пазар, вели Бесими.
Пари има и за стопанството. Седат неискористени скоро 200 милиони евра, затоа што законите се заглавени со собраниска процедура. Од нив – 60 милиони се неповратни за фирмите, а 100 милиони заем од ЕБОР, каде камата е 1 отсто. Затоа Бесими пратил допис до Брисел, но и до претседателот на Собранието, каде побарал од опозицијата – да бидат конструктивни и да ги изгласаат законоте, за доброто на бизнисот.
Сепак, министерот откри дека оваа година нема пари за зголемување на платите на административците. Не било планирано во буџетот зголемувањата од 80 отсто кое го добиле функционерите, што годишно ќе значат дополнителни 15 милиони евра за плати.
Министерот ја откри неговата плата со покачувањето – чуварот на државата каса месечно зема 126 илјади денари.